ДОКАЗИ ЗА УЧЕСТВО ВО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ
Деновиве Комисијата за стручни прашања до сите членови на Лекарската комора кои идната година треба да ги продолжат лиценците за работа испраќа писмо со кое се потсетува на обврските што произлегуваат од Законот за здравствена заштита. Сите оние што не ги исполниле обврските со писмото се потсетуваат тоа да го направат во рок од еден месец од добивањето на писмото.