КОИ СЕ ДИЛЕМИТЕ И КАКО ДА СЕ НАДМИНАТ ОКОЛУ ОБНОВУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА?
Сите доктори на медицина кои согласно Законот за здравствена заштита (Службен Весник на Република Македонија бр. 10/2004 ), и член 17 од Правилникот за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа, имаат лиценца за работа која им важи до 15.03.2011 година, треба да поднесат БАРАЊЕ до Лекарската комора на Македонија за обновување на лиценцата за работа за наредниот 7 - годишен лиценцен период (15.03.2011 до 15.03.2018).
2. Ако докторот не поднесе барање за обновување на лиценца во предвидениот законски рок?
Согласно член 153 - е од Законот за здравствена заштита (Службен Весник на Република Македонија бр. 10/2004) и член 10 од Правилникот за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценцата за работа, ако докторот на медицина не поднесе барање за обновување на лиценцата за работа и по истекот на периодот на важноста на лиценцата за работа, Комората писмено ќе го опомене дека треба да ја обнови лиценцата за работа. Ако и во наредните 6 месеци по писмената опомена докторот на медицина не поднесе писмено барање и потребните докази за продолжување на лиценцата за работа, Комората времено му ја одзема лиценцата за работа.
3. Што ќе се случи ако докторот на медицина не ја обновил лиценцата за работа заради неисполнување на условите од член 153 - е од Законот за здравствената заштита и на начин пропишан со Правилникот за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценцата за работа?
На доктор на медицина кој не ја обновил лиценцата за работа заради неиспонување на условите пропишани во член 153 - е од Законот за здравствена заштита и член 8 од Правилникот за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценцата за работа, односно заради несобирање на најмалку 140 бодови (по 20 бодови секоја година) согласно критериумите пропишани со Правилникот за стручното усовршување од Комората или на докторот му недостасува уште најмногу 6 месеци време да работи во дејност за која има лиценца, може времено да му се продолжи лиценцата за работа за наредните 6 месеци под услов во овој период да ги доисполни условите од член 153-е од Законот за здравствена заштита. (Службен Весник на Република Македонија бр.38/91, 46/93, 55/95 и 10/04).
4. Што ќе се случи ако докторот на медицина навршил 55 години возраст во лиценцниот период од 2004 - 2011 година и после тоа не собирал бодови од КМЕ за обновување на лиценцата за работа?
Ако докторот на медицина нема намера да работи во здравствената дејност по исполнувањето на законските услови за одење во пензија до Комората треба да достави изјава заверена кај нотар.
5. Што ќе се случи ако докторот на медицина и по исполнувањето на законските услови за одење во пензија продолжи да обавува здравствена дејност?
Ако докторот на медицина и по исполнувањето на законските услови за одење во пензија продолжи да обавува здравствена дејност во областа за која има лиценца, за да ја обнови лиценцата за работа треба да ги исполни условите од член 153-е од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.38/91,46/93, 55/95 и 10/04) и член 8 од Правилникот за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценцата за работа, односно мора до Стручната комисија на Лекарската комора на Македонија да поднесе барање за обновување на лиценцата.
6. Дали и колку се плаќа за продолжување на лиценцата за наредниот лиценцен период ?
Според Правилникот за начинот за утврдување на трошоците за спроведување на постапката за издавање, продолжување и обновување на лиценците (Службен Весник на Република Македонија бр.69/2009) висината на средствата за обновувањето на лиценцата изнесува вкупно 8.400,00 денари.
Доколку докторите на медицина во изминативе години извршувале уплата на годишно ниво по 1.200,00 денари, ќе треба да извршат само доплата на разликата на вкупната сума ( доказ за уплата).