ДИСТРИБУЦИЈА НА УПАТСТВАТА ЗА ПРАКТИКУВАЊЕ МЕДИЦИНА ЗАСНОВАНА НА ДОКАЗИ
1. Избраните лекари кои работат во примарната здравствена заштита,
2. Избраните гинеколози,
3. Специјалистите во приватните специјалистичко-консултативните ординации кои имаат договор со ФЗОМ,
Напомнуваме дека извесен број прирачници се планира и за специјалистите кои работат во јавните здравствени установи: општите болници, здравствените домови и клиниките. Но, дистрибуцијата до ЈЗУ ќе се организира преку директорите на установите.
Избраните лекари можат да дојдат во просториите на Проектната единица за координација од 9 – 16 часот секој работен ден да подигнат по 1 (еден) прирачник, при што мора да покажат документ за идентификација и да се потпишат во списокот кој го превземавме од ФЗОМ, за да осигуриме дека поради лимитираниот број прирачниците ќе стигнат до сите лекари на кои се наменети.
• Исто така ќе овозможиме еден избран лекар, избран гинеколог или носител на дејност во приватна специјалистичка ординација кој има договор со ФЗОМ да може организирано да подигне повеќе прирачници и за други колеги од Скопје или од другите градови во Македонија, но затоа треба да донесе:
1. Документ – официјално писмо на кое мора да има датум со потпис и факсимил од колегата/ите дека е овластен во негово/нивно име да подигне прирачник;
2. Документот останува во архивата на Проектната единица за координација, и
3. Се обврзува прирачникот да го однесе на колегата во чие име го подигнал.
• Ќе овозможиме и носители на приватни специјалистички ординации од областите за кои има подготвено упатства кои немаат договор со Фондот да добијат по еден прирачник, но ќе треба да подготват барање на кое ќе потврдат дека од Министерството за здравство добил одобрување за основање на дејноста, на кое ќе има и факсимил од специјалистот.
За подигнување на прирачникот во Проектната единица за координација (50 Дивизија, б.б. Скопје) ќе ги контактирате Љупчо Гривчевски или Тања Богоевска, Тел.: (02) 3125 310 и Факс: (02) 3123 353