ПИСМО НА ЛКМ ДО ФЗО
ФОНДОТ НЕМА АНАЛИЗИ?!
Лекарската комора на Македонија на 14 септември 2010 година упати писмо до Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување со следната содржина:
„Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија на седницата од 29.03.2010 година донесе Одлука за утврдување на вредноста на поенот во примарна здравствена заштита со која се намали вредноста на за 5 денари. Истовремено, Управниот одбор донесе заклучок службите на Фондот по шест месеци да извршат анализа за ефектите од владините мерки и да ја преиспитаат одлуката. Лекарската комора на Македонија се обраќа со барање Управниот одбор на Фондот да ја преиспита Одлуката за утврдување на вредноста на поенот во примарна здравствена заштита и да го коригира поенот со зголемување на неговата вредност.
Истовремено се обраќаме со молба да ни ги доставени на увид месечните приходи и расходи на средствата на Фондот во изминатите месеци од ова година.
Се надеваме дека ќе излезете во пресрет на нашето барање.
Ви благодариме на соработката.”