РЕГИОНАЛНА СРЕДБА ВО ШТИП
Во рамките на договорените активности четвртата регионална средба се одржа на 25 март во просториите на Собранието на Штип. На состанокот присуствуваа раководствата на општинските одбори на Лекарската комора од територијата на Штип, Берово, Делчево, Пробиштип, Кочани, Радовиш, Виница, Струмица и Свети Николе.





