ДВЕ ОБРАЌАЊА ДО ПРЕМИЕРОТ
ЛКМ ЗА КАПИТАЦИОНИОТ БОД И НАГРАДУВАЊЕТО СПОРЕД ПРИДОНЕС
Во првото писмо Лекарската комора бараше преиспитување на одлуката за намалувањето на капитациониот бод за пет денари на матичните лекари. Ова писмо беше резултат на ветувањето на средбата во април минатата година, на претставници на Комората со премиерот и неговите соработници, кој притоа рече дека станува збор за времена мерка која по шест месеци ќе треба да се преиспита. Доколку се создадат услови, во таа прилика рече премиерот, капитациониот бод ќе се врати на вредноста од 50 денари.
Второто писмо се однесува за реакцијата на Лекарската комора во врска со наградувањето во јавните здравствени установи според придонесот во работата. Во прилог на писмото беше презентиран и материјал со забелешките што Комората ги доби од вработените во установите во кои беше спроведено наградувањето според придонесот.