XVII СИМПОЗИУМ НА КОМОРИТЕ НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА
БЕЗБЕДНОСТА НА ПАЦИЕНТИТЕ И КВАЛИТЕТОТ ПЕРМАНЕНТНА ОБВРСКА
На Симпозиумот учествуваа 17 делегации со 39 учесници. Домаќин на следниот состанок Полската комора на доктори и стоматолози
На 30 септември, 1 и 2 октомври Лекарската комора на Македонија беше домаќин на Седумнаесеттиот симпозиум. Централна тема на состанокот беше “Безбедноста на пациентите и квалитетот во медицината“, а беа разгледани и прашања што се однесуваат на медицинската регулатива и самоуправувањето во медицината.
На крајот од состанокот претставниците на лекарските асоцијации ги презентираа искуствата во работата и проблемите со кои се соочуваат реализирање на целите и задачите.
На Симпозиумот учествуваа 17 делегации со 39 учесници. Состанокот почна на 30 септември со прием што го организираше Лекарската комора на Македонија и претседателот Владимир Борозанов.
За значењето на состанокот, особено темите за кои се разговараше, говореше и присуството на Дана Хансон, претседател на Светската медицинска асоцијација. Отман Клобер генерален секретар на Светската медицинска социјација и Константин Радзвил, претседател на Главниот комитет на Европските доктори.
На Симпозиумот присуствуваа и членовите на Собранието, Извршниот одбор и членовите на органите и телата на Лекарската комора.
Симпозиумот го пригодна реч го отвори претседателот на Лекарската комора на Македонија, Владимир Борозанов. Од името на Министерството за здравство присутните ги поздрави и посака успешна работа заменик на министерот Владимир Поповски.
Богатата и интересна расправа побуди широк интерес меѓу присутните кои истакнаа дека состанокот во Скопје отвора нови видици во работењето на лекарските асоцијации.
На крајот Парса Парси Рамин, предложи од состанокот да биде подготвена декларација која наскоро ќе биде подготвена и ќе биде доставена до сите присутни.
Домаќин на следниот собир во септември идната година ќе биде Полската комора на доктори и стоматолози.