ПЛАЌАЊЕТО ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА НА РАТИ
Врз основа на Одлуката, средствата за обновување на лиценцата за работа во висина од 8.400 денари можат да се платат со административна забрана. Последната рата треба да биде уплатена заклучно со 30 април 2011 година.
Доколку дел е уплатуван во изминатиот период, таа сума треба да се одземе од сумата од 8.400 денари, но притоа треба да се приложат фото копии од уплатниците.
Кон барањето за обновување на лиценцата за работа, секој доктор треба, меѓу другото, да ја приложи административна забрана од здравствената установа.