ВОВЕДУВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКА КАРТИЧКА
За таа цел постојат 11 пилот-ординации кои учествуваат во процесот на воведување на електронската картичка. Во нив работат 13 доктори. Со електронската картичка во рок од 24 часа се евидентира новиот пациент на листата на запишани пациенти кај матичниот доктор. Предвидени се тест картички во првиот период што ќе се изработат за пилот ординациите. Податоците за запишани пациенти за секоја ординација ќе се преземат од ФЗОМ. Во меѓувреме се подготвува база на доктори од целата држава.
Наложено е од Министерството за здравство и Фондот сите ИЛ обрасци пилот ординациите да ги внесуваат во двете програми, новиот пациент треба да се евидентира и во старата и во новата програма, со цел да се изврши споредба во период од 3 месеци. Предвидена е техничка подршка за пилот ординациите. За пилот ординациите е договорено да се додели еден компјутер и софтвер.
На работниот состанок во Министерството за здравство претставникот на Лекарската комора на Македонија предложи Владата на Република Македонија да обезбеди компјутери за сите ординации бидејќи се работи за нејзин проект.
Исто така, меѓу барањата на Лекарската комора е одржувањето на софтверот да биде обврска на ФЗОМ и да се реши проблемот со софтверот во врска со евидентирање на пациентите кои се примаат врз основа на замена.