СОСТОЈБИТЕ ВО ПРИМАРНАТА И ТЕРЦИЕРНАТА ДЕЈНОСТ
ПРОБЛЕМИТЕ ВО ПРИМАРНАТА И СЕКУНДАРНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И ПРИОРИТЕТИ ЗА НИВНО РЕШАВАЊЕ
Поаѓајќи од својата статутарна одредба Лекарската комора на Македонија за подобрување на квалитетот на здравствената заштита констатира дека во последните години доаѓа до нарушување на стандардот на здравствените услуги како резултат на континуираниот недостиг на средства што се издвојуваат за здравството во целина.
Сакаме да Ве информираме со факти неопходни да се заземете правилен став, а се однесува на финансирањето на здравствената заштита:
- Примарна здравствена заштита
Во Македонија постојат околу 1150 приватни здравствени установи од областа на примарна здравствена заштита, сите ПЗУ обавуваат јавна дејност.Приближно 75% од нив се приватизирани по сила на закон, не по сопствена волја.
Давањето здравствени услуги во примарна здравствена заштита се плаќаат по принципот на капитација (per capita) што е основен приход на здравствената установа. Капитацијата е наменета за покривање на следните трошоци:
- бруто плати на вработените;
- медицински потрошен материјал;
- ампуларна терапија;
- режиски трошоци (струја, вода, греење, кирија, телефон, фирмарина);
- книговодствени, правни и адвокатски услуги;
- канцелариски материјали;
- стручно усовршување на здравствените работници.
Значи финансирањето се однесува не само на обавување на докторската дејност туку и на нејзино организирање, одржување и спроведување на комплетна примарна здравствена заштита. Значи лекарот не треба само да лекува, тој треба и да менаџира, раководи со фирма и да обавува дејности што за тоа се потребни.
Функционирањето на примарната здравствена заштита директно зависи од средствата со кои располага Фондот за здравствено осигурување, односно делот кој се издвојува за примарна здравствена заштита.
| приходи на ФЗО/ден. | во еур. | индекс пр. | расходи /ден. | во еур. | индекс рас. |
|
2002 | 14,061,877,915 | 228,648,421 |
| 13,971,119,244 | 227,172,671 |
|
|
2003 | 14,698,642,548 | 239,002,318 | 104.53 | 14,697,631,367 | 238,985,876 | 105.20 |
|
2004 | 14,888,348,159 | 242,086,962 | 101.29 | 14,723,646,950 | 239,408,893 | 100.18 |
|
2005 | 15,249,561,382 | 247,960,348 | 102.43 | 15,205,637,521 | 247,246,139 | 103.27 |
|
2006 | 16,504,895,973 | 268,372,292 | 108.23 | 16,280,394,469 | 264,721,861 | 107.07 |
|
2007 | 17,491,256,910 | 284,410,681 | 105.98 | 16,425,000,516 | 267,073,179 | 100.89 |
|
2008 | 20,427,496,777 | 332,154,419 | 116.79 | 19,630,339,319 | 319,192,509 | 119.51 |
|
2009 | 19,719,633,693 | 320,644,450 | 96.53 | 19,165,347,940 | 311,631,674 | 97.63 |
|
|
|
|
|
|
|
|
- Висината на бодот е утврдена во 2001 година, врз основа на:
-популација од 2.000.000 жители на Република Македонија
-2.000.000 x 1,75 (просечен коефициент) = 3.500.000 капитации
-3.500.000 x 45,00 ден/бод = 157.500.000,00 x 12 месеци=1.890.000.000,00 МКД : 61.6=
=30.681.820 ЕУР.
Ова е износот на планираните средства за исплата на матичните доктори
( плаќање per capita-по капитација).
Сметаме дека 12–15% од вкупниот број на жители во Републиката немаат избрано матичен доктор, значи не се определени, па планираниот износ на средства кој се однесува за нив останува нераспределен од страна на ФЗО.
Бидејќи во моментов просечната исплата за здравствена установа од примарното здравство е 92.500,00 денари, сметаме дека износот не е доволен за нормално функционирање. Докторите се ставени во ситуација постојано да размислуваат за нивната егзистенција, односно за егзистенцијата на здравствената установа која ја раководат. Таков доктор не може да пружи квалитетна здравствена заштита, значи постои можност примарната здравствена заштита да ја доведеме во прашање. Обавување на одговорна задача оптоварена со дополнителни обврски без соодветен надоместок ги исцрпува докторите. Тоа сиругно ќе доведе до пад на квалитетот на здравствените услуги кои се даваат на примарната здравствена заштита и е контрапродуктивно за достигнување на нивото што го наложуваат сите светски стандарди.
И покрај ваквата ситуација, информираме дека извештаите и анкетите кај осигурениците сe уште покажуваат најголемо задоволство од работата на матичините лекари.
- Доколку се погледне движењето на износот на буџетот на ФЗО за ПЗЗ, произлегува дека вредноста на капитациониот бод, доколку го следи поцентот на зголемување на буџетот за ПЗЗ може да се движи во следните граници:
Буџети по години за ПЗЗ |
|
|
| |
год | износ | износ во ЕУР | индекс | капитац.бод |
2002 | 3,398,484,771 | 55,170,207 |
| 45.00 |
2003 | 4,429,572,047 | 71,908,637 | 130.34 | 58.65 |
2004 | 4,404,391,939 | 71,499,869 | 99.43 | 58.32 |
2005 | 4,588,553,590 | 74,489,506 | 104.18 | 60.76 |
2006 | 4,781,843,423 | 77,627,328 | 104.21 | 63.32 |
2007 | 5,051,194,649 | 81,999,913 | 105.63 | 66.88 |
2008 | 5,610,668,780 | 91,082,285 | 111.08 | 74.29 |
2009 | 5,228,659,516 | 84,880,836 | 93.19 | 69.23 |
|
|
|
|
|
Инфлаторните движења од 2001 година до денес, порастот на просечно месечни исплатени плати на ниво на Република Македонија, порастот на животните трошоци, како и на Буџетот на ФЗО на РМ се параметри што во текот на минатите години не се следени со корекција на висината на бодот.
Инфлацијата се следи преку порастот на трошоците на животот.
Во однос на движењето/порастот на трошоците на животот по години е извршена пресметка за корекција на вредноста на капитациониот бод:
Година Процент на пораст Корекција на вред.на капитац.бод
2000 | 5,8% |
|
2001 | 5,5% | 45,00 |
2002 | 1,8% | 45,81 |
2003 | 1,2% | 46,36 |
2004 | -0,4% | 46,17 |
2005 | 0,5% | 46,40 |
2006 | 3,9% | 48,21 |
2007 | 2,1% | 49,23 |
- Доколку се има предвид и зголемувањето на платите на здравствените работници во ЈЗУ и на вработените во ФЗО, а и кај целата администрација (во септември 2007 и септември 2008 од по 10%) тоа значи дека е зголемена вредноста на трудот и/или е компензиран ударот од поскапувањата.
49.23 +10% = 54,153 +10% = 59,568 ден
Од 2001 година до денес, го имаме следниот пораст на просечната плата во Република Македонија:
2000 година …………… 10.193,00 ден.
2001 година ………….. . 10.552,00 ден.
2002 година …………… 11.279,00 ден.
2003 година …………… 11.824,00 ден.
2004 година …………… 12.293,00 ден.
2005 година …………… 12.297,00 ден.
2006 година …………… 13.517,00 ден.
2007 година …………… 14.326,00 ден.
2008 година ................... 15.586,00 ден.
што претставува зголемување од 52.90% .
- Покачувањето на режиските трошоци (топлификација, електрична енергија) се допонителни аргументи за корекција на бодот.
- Во 2008 година поради примена на одредбата од страна ФЗОМ за рационално препишување на лекови ќе се направи заштеда за лековите од матичните лекари во вредност од 6 милиони евра.
- Со примена на оваа мерка на матичните лекари се намалува буџетот за 7%, односно во 2008 година за 0,5 милиони евра.
- Предвидените парични казни (кои беа превисоки во 2008 година) создаваат основ за прибирање на парични средства во буџетото на ФЗО и по тој основ.
- Минатата година се изврши намалување на капитацијата за докторите по стоматологија при што заштедата беше ветена да се пренамени за матичните лекари. Тоа беше и сторено во 2008 година со набавка на ЕГК апарати и колпоскопи за доктори по гинекологија и за покачување на вредноста на бодот за гинеколозите. Не е јасно износот од 2,5 милиони евра што се потрошија за овие набавки лани каде ќе се насочат во наредната година.
- Во текот на 2008 година ФЗОМ изврши исплати по основ обврски на ЈЗУ во висина од 12,5 мил. ЕУР и матичните лекари се прашуваат дали дел од тој износ, кои најверојатно е слободен во 2009 година се планира да се намени за матичните лекари.
Сите параметри што се спомнати покажуваат нагорна корекција, единствено вредноста на капитациониот бод воопшто не е корегирана, напротив, процентуалното зафаќање од вкупниот буџет на ФЗО за исплата на капитација е намалено од 13,6% во 2001 година на 8% во 2008 година.
- Специјалистичко-консултативна здравстена заштита;
Со табела се воочува нагорната линија на порастот на буџетите за секундарната здравствена заштита што остава простор со подобра прераспределба да се добие поефикасна секундарна здравствена заштита. Со изработка на пакети на здравствени услуги за специјалистичкото ниво создадена е основа за подобро наградување на докторите врз основа на реално извршени услуги, што треба да продуцира и подобар квалитет на услугите и позадоволни пациенти.
|
|
| |
год | износ | износ во ЕУР | индекс |
2002 | 2,910,964,243 | 47,255,913 |
|
2003 | 3,312,694,593 | 53,777,510 | 113.80 |
2004 | 3,534,737,724 | 57,382,106 | 106.70 |
2005 | 2,836,151,958 | 46,041,428 | 80.24 |
2006 | 4,247,093,245 | 68,946,319 | 149.75 |
2007 | 4,628,756,286 | 75,142,148 | 108.99 |
2008 | 5,345,493,908 | 86,777,499 | 115.48 |
2009 | 4,981,935,509 | 80,875,576 | 93.20 |
Свесни сме дека ефектите од светската финансиска криза ќе бидат почуствувани и во Република Македонија, но сметаме дека здравството треба последно да ги осети евентуалните рестрикции.
Неопходна е редовна соработка помеѓу Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Лекарската комора на Македонија, се со цел за подобрување на квалитетот на здравствената заштита, за реализација на уставната определба дека “граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите”, (член 39 од Уставот на Република Македонија).
За прикажаните пресметки користени се званични податоци објавени од страна на Републичкиот завод за статистика и од финансиските извештаи на ФЗО.