МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, Д-Р БУЈАР ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА ЛКМ
ПРИФАТЕНИ БАРАЊАТА НА КОМОРАТА
Разговаравме и за повеќе други проблеми. Едно од прашањата беше заеднички да подготвиме проект, да го подобриме односот меѓу докторот и пациентот и да ја вратиме довербата во докторот. Се договоривме, исто така, за наше учество во континуираниот здравствен надзор. Разговаравме и за прашања околу унапредувањето на процесот на континуирана медицинска едукација.
На крајот, претседателот на ЛКМ, проф. д-р Борозанов потсети на преземената обврска дека во наредните шест месеци ќе се преиспита висината на капитациониот бод за докторите од примарна здравствена заштита.
Мене ми преставува задоволство што по извесна пауза ја вративме соработката со Лекарската комора на Македонија, рече на почетокот на изјавата министерот д-р Османи. Сметам дека соработката со Лекарската комора и партнерите што се вклучени во здравствениот систем е неопходна. Мое мислење е дека тоа е клучен предуслов за подобрување на состојбата во здравствениот систем. Му благодарам на претседателот на Лекарската комора за подготвеноста да ја прифати бараната средба. Разговаравме за барањата на Комората и ги прифативме тие барања. Тоа се измени на Законот за здравствена заштита и Здравствено осигурување со кои ќе се формализира учеството на ЛКМ при донесувањето на одредени одлуки во системот, од аспект на нивното учество и преземање на одговорноста. Тоа треба да биде координативен совет на Министерството за здравство и Лекарската комора по одредени прашања. На претседателот му доставив и драфт верзија на Законот за докторска дејност кој беше најавуван долго време од многу мои претходници. Со заеднички ангажман успеавме да го подготвиме првиот закон за доктори во нашата држава. Притоа ветивме дека во текот на мај тркстот на законот ќе го доставиме до Владата на Република Македонија. Од претседателот и од Комората побарав да му помогнат на Министерството за здравство преку три проекти што ги очекуваме во наредниот период. Првиот е создавање ефикасен систем за континуирана медицинска едукација, активирање на редовниот и вонредниот стручен надзор како и унапредување на односот меѓу доктор и пациент за што ќе доставиме конкретни предлози. Уште еднаш ќе се заблагодарам на Лекарската комора за продолжување на соработката со оглед на тоа што пред нас имаме многу работа.