ДОКАЗИ ЗА УЧЕСТВО ВО СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ
Почитуван колега,
Дозволете да Ве потсетиме на одредбите на Законот за здравствена заштита што се однесуваат на делот за лиценцирање. Според овој закон лекарот е должен:
- Да поседува лиценца за работа;
- Шеесет проценти (60%) од времето на важноста на лиценцата да работи во дејноста за која има лиценца;
- Континуирано стручно да се усовршува преку следење на новини во медицината (КМЕ активност) со стекнување на минимум 140 бодови (по минимум 20 бодови годишно);
- Најмалку еднаш годишно до Комората да ги поднесува доказите за учество во стручно усовршување кои Комисијата за стручни прашања ги потврдува и ги впишува бодовите во Регистарот.
Доколку лекарот не исполни еден од условите неведени под точка 2 и 3, лиценцата за работа времено му се продложува за наредните шест месеци под услов во овој период да ги исполни условите. Доколку лекарот не ги исполни условите за продолжување на лиценцата, таа времено му се одзема. Лекарот може повторно да се стекне со лиценца за работа ако во текот на годината што следи помине дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности.
Имајќи го сето ова гореспоменато предвид, Ве молиме, во рок од еден месец од добивањето на ова писмо до Комисијата за стручни прашања да поднесете:
1. Докази за Ваше стручно усовршување во изминатите години од 2006-2009 година – доколку претходно не сте ги поднеле;
2.Доколку не поседувате вакви докази (не сте следеле КМЕ активности и/или делумно сте ги следеле) да поднесете молба со образложение за причините поради кои не сте успеале да обезбедите докази, како и евентуални документи за поткрепа на фактите.
3.Доколку имате повеќе од 55 години и досега не сте следеле КМЕ активности, односно не сте собирале бодови за обновување на лиценцата, лиценцата ќе важи до Вашето одење во пензија. Доколу сакате да работите како лекар и после исполување на законските услови за одење во пензија, Ве молиме, доставете докази за стручно усовршување во изминатите години од 2006-2009 година.
За сите дополнителни информации обратете се до ЛКМ на тел. (02) 3239- 060 или (02)3124-066., или доставете ги Вашите прашања преку е-маил: nachamed@mt.net.mk, односно доставете ги Вашите прашања преку рубриката Контакти на интернет страницата од ЛКМ: www.lkm.org.mk.
Со почит ,
Претседател на
Лекарска комора на Македонија
Проф.д-р Владимир Борозанов
Претседател на
Комисија за стручни прашња
Проф.д-р Љубица Георгијевски-Исмаил