РЕГИОНАЛНА СРЕДБА ВО ШТИП
На состанокот присуствуваа раководствата на општинските одбори на Лекарската комора од територијата на Штип, Берово, Делчево, Пробиштип, Кочани, Радовиш, Виница, Струмица и Свети Николе.
На средбата во Штип од раководството на Лекарската комора на Македонија присуствуваа претседателот на ЛКМ д-р Владимир Борозанов, д-р Стоје Стојмановски, потпретседател, проф. д-р Љубица Георгиевска-Исмаил, претседател на Комисијата за стручни прашања и д-р Мерита Исмаили Марку, член на Комисијата за етичко-правни прашања.
На регионалното советување на кое присуствуваа 40 доктори, проф. д-р Владимир Борозанов зборуваше за соработката на Комората со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Д-р Мерита Исмаили Марку информираше за активностите за спроведување на лиценцирањето и релеиценцирањето.
За активностите во врска со спроведувањето на континуираната медицинска едукација информираше претседателот на Комисијата за стручни прашања, проф. д-р Љубица Георгиевска-Исмаил.
Во дискусијата стана збор за лиценцирањето и старосната возраст за продолжувањето на лиценците, за доставувањето на сертификатите, неинформираноста на членството за активноста на Комората, проблемите со држурствата, односите со подрачните едници на ФЗО и слично. Посебно место добија мерките на Владата кои се однесуваат на рестрикциите во здравството особено на малувањето на вредност на бодот на матичните доктори.