10.06.2010
                                               10.06.2010
                                                                                                                           ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО
                                                                                Во врска со појавата на епидемија на болести предизвикани од крлежи во повеќе соседни земји Ве информираме дека врз основа на месечниот извештај за движењето на заразните болести во Република Македонија доставена до ЈЗУ Институт за јавно здравје за јуни 2010 година се пријавени три случаи на Лајмска болест.
                                За таа цел Ве известуваме дека е потребно да бидете внимателни и да размислувате за можна појава на заразни заболувања кај пациентите предизвикани од крлежи.
Доколку кај матичните лекари се јави пациент каснат од крлеж потребно е ВЕДНАШ да ги упатат за хируршко отстранување на крлежот, соодветно лекување и згрижување.
Здравствените установи задолжени за третирање на овие пациенти е потребно навремено и соодветно да ги згрижат.

                                



