ЛКМ на 25 Симпозиум на ZEVA во Прага
Претседателката на Лекарската комора на Македонија, доц. д-р Калина Гривчева- Старделова на 25-тиот Симпозиум на Зева во Прага, Чешка денес го презентира Националниот извештај за Р.Македонија пред своите колеги од земјите членки на оваа асоцијација што ги обединува земјите на Централна и Источна Европа. Во своето излагање д-р Гривчева –Старделова се фокусира на главните теми на Симпозиумот: отвореноста и достaпноста на можноста за вработување на доктори од трети земји, соработката на Судот на честа и редовните судови во Р. Македонија, рекламирање и промоција на медицинските третмани, како и дали има промени во законската регулатива кои се однесуваат на промени во работењето на коморите.
Во делегацијата на Лекарската комора на Македонија се и д-р Игор Дабески потпретседател на Комората и д-р Мухамед Асани, член на Извршниот одбор. Симпозиумот почна денес, а националните извештаи ќе ги презентираат и другите земји членки на ZEVA. Во оваа докторска асоцијација се организирани коморите од повеќе од 25 земји на Централна и Источна Европа за да ја поддржуваат, промовираат и прошируваат улогата и работата професионалните коморски асоцијации, да разменуваат искуства и мислење, како и да заземат ставови и да дадат предлози од делокруг на нивното делување, но и во функција на подобрување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и пристапна здравствена заштита за населението.