ЛКМ на Симпозиум на ZEVA во Будимпешта
Делегацијата на Лекарската комора на Македонија предводена од Претседателката доц. д-р Калина Гривчева Старделова, д-р Џабир Бајрами претседател на Собранието на Комората и д-р Илберт Адеми член на Извршниот одбор на Комората присуствува на 26 -от Симпозиум на ЗЕВА во Будимпешта, Унгарија. Симпозиумот почна денес, а главни теми се: обезбедување на квалитет на системите за здравствена заштита, вакцинација - движења против антивакцинација и ментално и физичко здравје на лекарите.
Во оваа докторска асоцијација се организирани коморите од повеќе од 25 земји на Централна и Источна Европа за да ја поддржуваат, промовираат и прошируваат улогата и работата професионалните коморски асоцијации, да разменуваат искуства и мислење, како и да заземат ставови и да дадат предлози од делокруг на нивното делување, но и во функција на подобрување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и пристапна здравствена заштита за населението.