27.09.2020
27.09.2020
Лекарската комора домаќин на 27-от Симпозиум на ЗЕВА: Коморите и професионалните асоцијации мора да бидат поактивни во давањето стручни сугестии на владите во борба со ковид-19
На 26.09.2020 година се оддржа 27-миот Симпозиум на ЗЕВА кој поради пандемијата со Ковид19 беше организиран преку платформата зум, а домаќин беше Лекарската комора на Република Северна Македонија. Тема на состанокот на меѓукоморската средба беше: "Пандемијата со Ковид-19, предизвици и искуства во земјите од ЗЕВА".
Со изнесување на своите национални извештаи за ковид состојбата кај земјите членки на ЗЕВА на Симпозиумот се преставија националите искуства, како и нивните планови и стратегии во врска со ковид инфекцијата.
Во оваа докторска асоцијација се организирани коморите од повеќе од 25 земји на Централна и Источна Европа за да ја поддржуваат, промовираат и прошируваат улогата и работата професионалните коморски асоцијации, да разменуваат искуства и мислење, како и да заземат ставови и да дадат предлози од делокруг на нивното делување, но и во функција на подобрување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и пристапна здравствена заштита за населението.