СОСТАНОКОТ НА ЕФМА ВО БУДИМПЕШТА
На 21 и 22 април оваа година во Будимпешта ќе се одржи овогодишниот состанок на Европскиот форум на здравствени организации и Светската здравствена организација. Лекарската комора на Република Македонија веќе три години е членка на оваа респектабилна асоцијација на докторите во Европа. Лекарската комора на република Македонија оваа година ќе ја претставуваат д-р Салих Ќерими, потпреседател на Извршниот одбор на Лекарската комора на Република Македонија и проф. д-р Владимир Борозанов.






