Петмина лауреати
Со едногласна одлука на Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија, а по повод десет годишнината од возобновувањето, за своето ангажирање посебна плаќета му беше доделена на проф. д-р Миодраг Врчаковски. Во образложението на проф. д-р Алексеј Дума ја истакна заслугата на д-р Врчаковски во афирмирањето на Комората.
Носител на наградата “Св. Наум Охридски” годинава е примариус д-р Климентија Матоски, специјалист педијатар вработен во Медицинскиот центар во Струга. Во образложението на наградата, претседателот на Комисијата за доделувањето на наградата, Тихомир Матевски ја истакна заслугата на лауреатот со зборовите дека тоа е признание за совесно и одговорно извршување на лекарската професија и дека таа оди во вистински раце.
Годинава добитници на “Благодарници” на Лекарската комора на Македонија се проф. д-р Јован Тофовски, проф. д-р Радослав Наумовски и д-р Стефан Тофовиќ за нивната заслуга при формирањето на Комората 1992 година, која денес ја одбележува десет годишнината.