Регионални средби до крајот на ноември
Одржувањето на регионалните средби произлезе од се позачестените дискусии дека не е на завидно ниво двостраната комуникација на релација членство и органите и телата на Комората. Ваквата констатација беше присутна и на неколку седници на Извршниот одбор.
За ова стана збор и на Собранието на Комората. Притоа беше истакнато дека недостига потполна информираност иако имаше забелешки дека во одделни случаи и премногу се бара, односно дека недостига самоиницијативноста и партиципацијата во работата на Комората.
Се очекува во текот на овој и наредниот месец во просториите на Лекарската комора да се разгледаат многу прашања. Сето она за што ќе стане збор ќе треба да се пренесе и поширокото членство при редовните активности на општинските организации.