Комисија за етички и правни прашања
Според заклучокот на Комисијата по предметите треба да се активира Судот на честа на Лекарската комора. Од увидот во материјалите беше констатирано да се сочекаат судските постапки кои се водат по предметите кои се дојдени во Комората. По информацијата за исходот на судската постапка која Комисијата би требало да ја добие од странките, Комисијата ќе донесе одлука за евентуалните казнени мерки.
Останатите предмети Комисијата одлучи да ги проследи до Судот на честа кој ќе треба поединечно да ги разгледа сите и да донесе одлуки. Заради годишните одмори седницата на Судот се очекува да се одржи веднаш по годишните одмори.