Членарината 120 денари
Оваа одлука ја донесе Собранието врз основа на предлогот на Извршниот одбор со цел да се обезбеди независно и финансиски безбедно функционирање на Лекарската комора.
На Собранието имаше различни дискусии околу членарината. Едни се залагаа таа да остане иста како и досега, додека други таа да изнесува дури еден процент од платите.
Собранието заклучи доколку некој од членовите три месеци не ја измирил чланарината му престанува членството во Комората и ќе треба да ја врати членската карта.
Жиро-сметката на која треба да се уплаќа членарината е 200000011464034, а депонент е Стопанска банка-Скопје.