Д-р Кочова претседател на Комисијата за етички и правни прашања
Најпрвин членовите на Собранието беа информирани дека досегашниот претседател на Комисијата за етички и правни прашања д-р Ратко Наумовски замина во пензија. Притоа Собранието го прифати предлогот на Извршниот одбор за нов претседател да биде избрана д-р Мирјана Кочова која беше вршител на функцијата претседател.
Меѓу другите кадровски решенија Собранието прифати во Комисијата за етички и правни прашања да биде избрана д-р Роза Мартиновска.
На местото на д-р Мартиновска која беше член на Комисијата за реформи на здравствениот систем беше избран д-р Александар Караџинов.