Членарината 120 денари
Врз основа на одлуката на Собранието на Лекарската комора на Македонија почнувајќи од први ноември 2002 членарината место 93 денари ќе изнесува 120 денари. Оваа одлука ја донесе Собранието врз основа на предлогот на Извршниот одбор со цел да се обезбеди независно и финансиски безбедно функционирање на Лекарската комора.