Расправа по амандманите
Деновиве се очекува да заврши, комисиската постапка за измени и дополнувања на Законот за здравстена заштита и Законот за здравствено осигурување. На седниците на Комисијата присуствуваат активно учествуваат претставници на Лекарската комора на Македонија, Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална политика, Македонското лекарско друштво, Стоматолошката комора и на Здружението на приватните доктори. По опсежни дискусии се очекува наскоро да заврши постапката во Комисијата и предлозите да бидат доставени до Собранието.
Со измените во текстот на Законот за здравствена заштита се предлагаат новини во лиценцирањето, релиценцирањето и акредитацијата на поединци и установи и поделбата на медицинските центри и воведување на закуп во примарната здравствена заштита.
Пред Комисијата се наоѓаат и две измени на Законот за здравствено осигурување.