КОНКУРС
ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, Комисија за доделување на наградата “Св. Наум Охридски” РАСПИШУВА КОНКУРС за доделување на наградата “Св. Наум Охридски” за особени постигнувања во областа на здравството во 2007 година Наградата “Св. Наум Охридски” се доделува во знак на признание за особени остварувања во областа на здравството, на поединец- доктор на медицина.