КОНКУРС ЗА ИСПИТУВАЧИ
Во продолжение ви го презентираме конкурсот.
ЛЕКАРСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
К О Н К У Р С
Лекарската комора на Македонија го спроведува стручниот испит на здравствени работници со високо образование за добивање основна лиценца. Врз основа на Правилникот за полагање стручен испит на докторите по медицина и за издавање основна лиценца, за спроведување на стручниот испит се формираат комисии од доктори-испитувач пред кои се полага стручниот испит.
Докторите треба да бидат од областа на примарна здравствена заштита, педијатрија, хирургија, интерна и гинекологија и акушерство.
Кандидатите за испитувачи за полагање на стручниот испит заедно со молбата треба да ги достават следните документи:
1. Лиценца за работа издадена од Лекарската комора на Република Македонија.
2. Доказ за тимска работа - потврда за учество:
- во проекти
- во стручни или научни колегиуми, односно одбори во институции или
- во здруженија, одбори на конгреси, симпозиуми и други форми на стручно или научно усовршување и
3. Доказ за искуство во настава и/ или оценување.
Документите како фотокопии треба да се достават најдоцна до 31.05.2009 година на адреса Лекарска комора на Република Македонија (Комисија за стручни прашања) улица „Народен фронт” број 21 1000 Скопје.