СТАВОВИ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА
На седницата на Извршниот одбор на Лекарската комора одржана на ден 24.12.2008 година, во врска со водените претходни преговори со Фондот за здравствено осигурување на Македонија за Договорот за начинот на извршување и плаќање на здравствените услуги во ПЗЗ, беа донесени следните заклучоци:
Подржани се сите постигнати придобивки во делот на Договорот кој се однесува на извршувањето на здравствените услуги во ПЗЗ за 2009 година, согласно веќе објавеното Соопштение на ФЗО и согласно Изјавата на претседателот на Комората, јавно искажани на прес конференцијата одржана на ден 19.12.2008. (во прилог);
Во делот на Договорот кој се однесува на плаќањето на здравствените услуги, предлогот за висината на вредноста на капитациониот бод од 50,00 денари мора без исклучок да се примени за сите матични лекари. Во спротивно, ваквиот предлог во основа е кочница за понатамошниот развој на примарната здравствена заштита. Досегашните позитивни искуства на пациентите од квалитетот на работата на матичните лекари во скоро време ќе бидат доведени во прашање;
Во контекст на претходниот став констатирано е дека е направена и манипулација во однос на матичните докторите по гинекологија со предлогот за намалување на коефициентот од 1 на 0.9 бода. Затоа не се прифаќа понудената предлог одлука за измена на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарна здравствена заштита. Ваквите мерки делуваат дестимулативно посебно во регионите каде женската популација е помалку застапена (пример Ростуше) и постои опасност жените да останат без матичен гинеколог. Го подржуваме ставот на владината програма за стимулирање на наталитетот и превенција на здравјето на жената во државата;
Во контекст на изјавата на претседателот на Комората дополнително во континуитет треба да продолжат разговорите на тема редовно следење и корекција на вредноста на капитациониот бод. Понудената вредност на бодот, иако недоволна се смета за појдовна, која во текот на наредниот период од три месеци треба да се зголемува, согласно официјалните економски показатели.
Со почит
Скопје, Претседател,
24.12.2008 год. д-р Владимир Борозанов