СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕТИЧКО-ПРАВНИ ПРАШАЊА
НЕОБЈЕКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ НА А1
На состанокот беа разгледани преставките и барањата од пациенти и доктори, а се однесуваа на наводно несовесно и непрофесионално извршување на здравствена дејност. Комисијата донесе повеќе мислења, ставови и заклучоци.
На состанокот беа разгледани 30 барања на доктори за упис во регистарот на доктори и издавање на лиценци.
Комисијата за етички и правни прашања при Лекарсктата комора на Македонија расправаше и по поднесокот на Универзитетската клиника за детски болести за необјективното известување на телевизијата А1 за лекувањето на детето С.К.
Врз основа на комплетната документација што беше презентирана на состанокот Комисијата заклучи:
„Лекувањето е спроведено според сите правила на добрата медицинска практика со консултација на врвни стручњаци од повеќе компетентни институции од странство. Личната несреќа, на пациент со неизлечива болест и нивните семејства не треба да претставува ексклузивна вест ниту основа за девалвирање на достоинството и угледот на лекарската професија”