19.03.2009
19.03.2009
ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЦЕНИТЕ НА УСЛУГИТЕ
На 11 март 2009 година почнаа разговорите со Фондот за здравствено осигурување за утврдување на референтни цени на здравствени услуги што докторите- специјалисти ги пружаат во специјалистичките амбуланти.
Преговорите ги почнаа докторите- специјалисти по офталмологија, оториноларингологија и дерматовенерологија.
Во следната фаза во разговорите ќе се вклучат докторите- специјалисти од физикална медицина и рехабилитација, ортопедија и интерна медицина.
На средбата претходеа повеќе контакти со претставници на Фондот за здравствено осигурување и групата за СКЗЗ во Лекарската комора, на кои беа прецизирани начинот и текот на водењето преговори.