ВТОРА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОВИСОКО НИВО
На 4 март годинава во Скопје се одржа втората седница на Собранието на Лекарската комора на Македонија. На седницата со која водеше претседавачот на Собранието д-р Живко Даскаловски, едногласно беше усвоен дневниот ред, а потоа и записниците од трите продолженија на Конститутивната седница на Собранието.