Комисијата за стручни прашања
ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ОБЛИЦИТЕ, КРИТЕРИУМИТЕ И РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ОБЛИЦИТЕ И БОДОВИТЕ ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ
На состанокот беше формирана работна група за одобрување полагање на стручниот испит. Задача на работната група е да направи увид во приправничката книшка и да утврди дали кандидатот го завршил приправничкиот стаж според планот и програмата.
Исто така беше определен и нов состав на работната група за признавање на приправничкиот стаж и стручниот испит за оние што го полагале во странство.
Комисијата за стручни прашања и шест работни тела од по двајца членови беа задолжени за утврдување на бодовите за учество во различни облици на стручно усовршување.