ОСНОВНИТЕ ЛИЦЕНЦИ СЕ ЗАМЕНУВААТ СО РАБОТНИ
Ова решение е според Законот за изменување и дополнување на законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија број 10/2004) каде со членот 45 став 1 Здравствените работници со високо образование кои запишале студии од областа на медицината, односно стоматологијата до денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита (“Службен весник на Република Македонија” број 10 од 2004 година) и стручниот испит ќе го положат најдоцна до 31.12.2010 година, ќе се смета дека имаат лиценца за работа, а рокот на важноста на лиценцата за работа започнува да тече од денот на положувањето на стручниот испит.
Според членот 153-л трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценцата се на товар на подносителот на барањето. Основните критериуми за утврдување на трошоците се реалните административни и материјални трошоци за спроведување на постапката за издавање, продолжување и обновување на лиценците. Трошоците од ставот 2 на овој член ги утврдува Лекарската, Стоматолошката и Фармацевската комора, со општ акт на кој министерот за здравство дава согласност.