СТРУЧЕН ИСПИТ ДЕКЕМВРИСКИ РОК
Испитот се полага три дена на 1,4 и 5 декември.
За пријавување на стручниот испит покрај пријавата која можете да ја добиете во стручната служба на Лекарската комора на Македонија треба да се достави:
- оверен препис или оверена копија од завршен медицински факултет;
- приправничка книшка пополнета и оверена според Правилникот за планот и програмата за приправнички стаж,
- уверение за државјанство или оверен препис, и
- уплатница за полагање на стручниот испит на жиро-сметка на Лекарската комора на Република Македонија (200000011464034 АД Стопанска банка-Скопје) во согласност со Правилникот за висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценца.