НОСТРИФИКАЦИЈА НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
Нострификацијата на стручниот испит врз основа на законските прописи се извршува во лекарската Комора на Македонија.
За нострификацијата на стручниот испит положен во странство потребно е до Лекарската комора на Република Македонија да се достават следниве документи:
1. Барање,
2. Изјава, заверена на нотар,
3. Одлука за признавање на високо образование, фотокопија заверена на нотар,
4. Диплома за завршен факултет (превод) фотокопија заверена на нотар,
5. Уверение за државјанство, фотокопија заверена на нотар,
6. Личен стажантски картон, фотокопија заверена на нотар со потпис и печат од деканатот на факултетот, преведена на македонски,
7. Програма (конспект) од положените стручни испити, фотокопија заверена со потпис и печат од деканатот на факултетот преведена на македонски јазик и
8. Протоколи од положените стручни испити, фотокопија заверена со потпис и печат од деканатот на факултетот, преведени на македонски