ВОНРЕДНА СЕСИЈА ЗА СТРУЧЕН ИСПИТ ВО ФЕВРУАРИ
По барањето на поголем број дипломирани доктори оваа година во февруари ќе има вонреден рок за полагање на државниот испит. Полагањето на стручниот испит ќе се одржи од 1 до 5 февруари. Пријавувањето на испитот ќе биде од 18 до 22 јануари 2010. Испитот се полага на 1, 4 и 5 февруари 2010 година. Редовната сесија останува според планот.