НОВ ДЕКАН ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ
Д-р Никола Јанкуловски е роден на четврти март 1958 година, во Ресен. Основно и средно образование завршил во Скопје. Студиите на Медицинскиот факултет во Скопје ги завршил со просечна оцена 9,3.
Како студент повеќе години бил активен член на Научниот клуб"Академик проф. д-р Димитар Арсов" при Медицинскиот факултет во Скопје и учествува во работата на стручните состаноци и конгреси каде што презентирал трудови.
По завршувањето на Медицинскиот факултет и задолжителниот лекарски стаж на први мај 1984 година, добил стипендија од Министерството за наука на Република Македонија да работи на Клиниките за хируршки болести, а од први мај 1985 година, се вработил на Клиниката за дигестивна хирургија при ООЗТ-Клиники за хируршки болести при Универзитетскиот центар за медицински науки во Скопје. Во 1988 година е избран за помлад асистент, во 1991 година за асистент по предметот хирургија, а во 1996 година, 1999 и 2003 година е реизбран во истото звање.
Специјалистички испит по општа хирургија положил во 1990 година. Како лекар на специјализација во два наврата престојувал на Клиниката за општа и васкуларна хирургија на Воено-медицинската академија во Белград.
Учествувал на повеќе научни и стручни состаноци на клиниката, Македонското лекарско друштво, како и на повеќе симпозиуми и конгреси во земјата и во странство. Д-р Јанкуловски има објавено поголем број научни и стручни трудови во домашни и меѓународни списанија.
Во септември 1996 година, престојувал во Клиничкиот центар на Србија на Институтот за болести на дигестивниот систем во Белград, кај проф. д-р Р. Чоловиќ. Во текот на март 1999 година бил на стручен престој во хируршката болница Клиник ин Парк во Цирих, во август 2000 година на Клиниката Јоханн Њолфганг Гоетхе во Универзитетскиот медицински центар во Франкфурт кај професор Мет Енцке, во 2001 година во Болницата Хенри Мондор во Париз, а во јуни 2002 година во ст. Маркс Хоспитал и Хаммер Смитх (Империал Цоллеге) кај проф. Нагѕ Хабиб, во Лондон.
Во декември 2002 година д-р Никола Јанкуловски ја одбрани докторската дисертација: "Процена на имунокомпетенцијата кај билијарната опструкција и улогата на билијарната дренажа врз прогнозата на болеста".
Во текот на март 2004 година бил на стручно усовршување за едно-дневна хирургија во Универзитетската болница Умберто И, кај проф. В.Пеззангора.
Во април 2004 година е избран за доцент по предметот хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје. Член е на Стручната комисија при Лекарската комора на Македонија, Комисија за меѓународна соработка на Медицинскиот факултет во Скопје, член на Комисијата за наука на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје и др.
Во јуни 2004 година престојува во АКН Клиниката во Виена кај проф. д-р Ф.Хербст, а во мај 2008 во Клиничкиот центар во Љубљана.
Од мај 2003 година д-р Јанкуловски е член на Друштвото на колопроктолози на Југославија, од февруари 2006 на Американското здружение на абдоминални хирурзи (АСАС), а од од ноември 2008 година на Европското здружение на дигестивни хирурзи.
Од септември 2007 до април 2009 година е директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија.