Др Цветан Дукадиновски добитник на највисокото признание на Комората “Св. Наум Охридски”
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
На почетокот претседателот проф. др Борозанов се обрати со краток говор во кој ги истакна досегашните постигања, односите со другите институции во здравството и задачите пред кои е исправена Комората.
На присутните потоа им се обрати и министерот за здравство, др Бујар Османи, кој говореше за местото и улогата на Комората и подготвеноста да се соработува на планот на сето она што е од интерес за здравството во државата.
На свеченоста беше доделена и највисоката награда на Лекарската комора на Македонија. Одлуката на Комисијата за награди ја соопшти преседателот проф. др Илија Џонов. Тој соопшти дека добитник на наградата за 2008 година е Цветан Дукадиновски, кој до 8 април кога замина во пензија беше вработен во Здравствениот дом во Неготино.
На крајот со благодарност за добиеното признание пред присутните говореше лауреатот на градата “Св. Наум Охридски”.