СТРУЧЕН ИСПИТ ВО ДЕКЕМВРИ
Докторите што го положија стручниот испит треба да аплицираат за добивање работна лиценца. Документите се поднесуваат секој работен ден од 10 до 14 часот.
Кандидатите што го завршиле факултетот во Република Македонија и се нејзини државјани треба да достават диплома за завршен медицински факултет, уверение за положен државен испит, државјанство и пополнета пријава. Пријавата можете да ја подигнете во просториите на Лекарската комора или да ја отпечатите од ВЕБ страницата на Комората.
Оние што завршиле медицински факултет или го положиле државниот испит во странство за постапката може да се информираат во стручната служба на телефоните на Комора.