ВОНРЕДНА СЕСИЈА ЗА СТРУЧЕН ИСПИТ ВО ФЕВРУАРИ
Испитот се полага на 1, 4 и 5 февруари 2010 година.
Редовната сесија останува според планот.
За пријавување на стручниот испит, покрај пријавата која можете да ја добиете во стручната служба на Лекарската комора на Република Македонија, треба да се достави:
►заверен препис или заверена копија за завршен медицински факултет;
►приправничка книшка пополнета и заверена според Правилникот за планот и програмата за приправнички стаж;
►уверение за државјанство, и
►уплатница за полагање стручен испит во висина од 26.000,00 денари на жиро-сметка на Лекарската комора на Република Македонија (200000011464034, депонент Стопанска банка)