СТРУЧЕН ИСПИТ ВО ДЕКЕМВРИ
Испитот ќе се полага на 30 ноември,3 и 4 декември.
За пријавување на стручниот испит, покрај пријавата која можете да ја добиете во стручната служба на Лекарската комора на Република Македонија, треба да се достави:
►заверен препис или заверена копија за завршен медицински факултет;
►приправничка книшка пополнета и заверена според Правилникот за планот и програмата за приправнички стаж;
►уверение за државјанство, и
►уплатница за полагање стручен испит во висина од 26.000,00 денари на жиро-сметка на Лекарската комора на Република Македонија (200000011464034, депонент Стопанска банка)