ПРИПРАВНИЧКИ СТАЖ
Врз основа на член 144 став 2 од Законот за здрав-ствената заштита („Службен весник на Република Ма-кедонија" бр. 38/91, 46/93, 55/95 и 10/04), министерот за здравство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ПЛАНОТ И ПРОГРАМАТА ЗА ПРИПРАВНИЧКИОТ СТАЖ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБРАЗЕЦОТ И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ПРИПРАВНИЧКАТА КНИШКАОПШТА ОДРЕДБА
Член 1
Со овој правилник се пропишуваат планот и програмата за приправничкиот стаж на здравствените работници со високо образование од областа на медицината, стоматологијата односно фармацнјата (во натамошниот текст: здравствени работници) и образецот и начинот на водење на приправничката книшка.
ПЛАН ЗА ПРИПРАВНИЧКИ СТАЖ
Член 2
Приправничкиот стаж на здравствените работници кој трае една година се спроведува според следниот план:
1. За здравствените работници со завршен медицински факултет:
1) општа медицина: денови- општа медицина 60
2) група интерна медицина
1. интерна медицина 30
2. инфективни болести 20
3. пулмофтизиологија 15
4. дерматовенерологија 10
5. невропсихијатрија 10
6. трансфузиологија 10
3) група хирургија:
1. ошита хирургија со трауматологија 30
2. оториноларингологија 10
3. офталмологија, 10
4) група заштита на жени, деца и младина:
а) акушерство од тоа:
1. диспанзер за жени 15
2. породилиште 30
б) заштита на деца и младина:
1. диспанзер за деца и младина 30
2. стационарно лекување 15
5) група превентивна медицина:
1. хигиена 15
2. епидемиологија 15
3. медицина на трудот 15
4. социјална медицина со организација на здравствената дејност 15
6) судска медицина 10
1. токсиколошка хемија 30
2. лековити растенија 30
3. фармацевтска хемија 30
-фармакологија (фармакологија и фармакодинамика) 20
1. социјална медицина и организација на здравствената дејност 15
Член 3
Приправничкиот стаж на здравствените работници кој трае шест мссеци се спроведува според следниот план:
1. За здравствените работници со завршен медицински факултет: денови
1. примарна здравствена заштита 30
2. интерна медицина 45
3. хирургија 30
4. педијатрија 45
5. гинекологија и акушерство 30
(“Службен весник на Република Македонија” број 65 од 2004 година)