СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРИМЕНАТА НА ПАКЕТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ
На собирот присуствуваа и проф. д-р Владимир Борозанов, претседател на Лекарската комора на Република Македонија и Јанез Јелникар, еден од двајцата директори на Фондор за здравствено осигурување.
На презентацијата на Бранислава Катушевска од Фондот за здравствено осигурување, присуствуваа над 80 доктори од специјалистичко-консултативната здравствена заштита во приватното здравство во државата и од Здравствениот дом од Скопје.
Претстои периот од три месеци, октомври, ноември и декември, во кој во практика ќе се проверуваат пакетите и извршените услуги. Се очекува по овој период кога ќе се извршат евентуалните измени, врз основа на согледувањата на докторите до кои ќе се дојдат во практиката тие да се применуваа од почетокот на идната година.