ДАЛИ СТЕ ГИ ДОСТАВИЛЕ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА КМЕ
Според Правилникот за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа треба да се достави доказ дека во периодот на важноста на лиценцата докторот се стекнал со соодветен број бодови согласно критериумите пропишани со Правилникот за стручно усовршување од Комората и потврда дека најмалку 60 проценти од времето на важноста на лиценцата за работа работел во дејноста за која има лиценца за работа.
За да се обезбеди континуитет на стручното усовршување во текот на важноста на лиценцата, докторот секоја година обезбедува најмалку 20 бодови.
За сите дополнителни информации можете да ја посетите ВЕБ страница на Лекарската комора на Република Македонија во одделот на акти каде можете да ги најдете правилниците во изворна форма.