КОНКУРС ЗА НАГРАДАТА “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ”
Како и секоја година Комисијата за доделување на наградата “Св. Наум Охридски” за особени постигнувања во областа на здравството го распиша конкурсот за 2006 година. Иницијативата за доделување на наградата можат да ја поднесат исклучиво општинските одбори на Лекарската комора. Тие треба да пристигнат најдоцна до 15 февруари 2007 година.