СТРУЧЕН ИСПИТ-ФЕВРУАРСКИ РОК
Испитот, кој трае три дена ќе се одржи на 19, 22 и 23 февруари.
Според програмата постојат четири испитни сесии- последните цели недели во февруари, мај и септември и првата недела во декември.
За пријавување на стручниот испит покрај поплнетата пријава која можете да ja добиете во Лекарската комора на Македонија треба да се достават и:
- оверен препис или оверена копија за завршен медицински факултет;
- приправничка книшка пополнета и оверена според правилникот за планот и програмата за приправничкиот стаж и
- уплатница за полагање на стручниот испит на жиро-с,метка на Лекарската комора на Македонија (2000000114640-34 АД Стопанска банка-Скопје) во согласност на Правилникот за висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценците.