ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ЗАВРШЕНА ОБУКА
На осми декември во Скопје на свечен начин беа доделени сертификатите за успешно завршување на обуката (Модул 1 и Модул 2), во рамките на процесот за модернизирање на едукативниот дел на процесот за лиценцирање на лекари, фарамацевти и стоматолози. На свеченоста меѓу другите присуствуваа заменикот на министерот за здравство, претседателите на коморите, деканите на факултетите и претседателот на МЛД.
По успешното завршување на обуката и оценката од консултантот, докторите се акредитирани во две функции: клучни тренери и испитувачи (соодветно на номинацијата и едукацијата).
На почетокот се одржа завршен состанок со консултантот Џуди МекКим.
Во рамките на свеченоста на повеќе организации и поединци беа врачени благодарници. Благодарница доби и Лекарската комора на Македонија.





