ПОДГОТВЕНИ 3.286 ЛИЦЕНЦИ
До Лекарската комора на Република Македонија се доставени апликации за повеќе од 260 лиценци за работа.
Се очекува сите лиценци да бидат подготвени за триесеттина денови.
Според проценките врз основа на непотврдени информации се очекува апликации на уште околу 300 до 500 доктори. На овој начин ќе се комплетира списокот на сите доктори во Република Македонија.
Врз основа на динамиката можно е процесот на лиценцирање да заврши веќе во првата половина на оваа 2007 година.
Инаку треба да се напомене дека законски рок за обновување на лиценците не постои. Меѓутоа, Фондот за здравствено осигурување лиценците ги бара како еден од условите за потпишување на договорите. Исто така и работењето во болниците почнува да се условува и со поседување на лиценци.