СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО
Исто така беа изнесени и проблемите со кои се среќаваат докторите во приватното здравство, пред се висината на капитацијата , особено кај гинеколозите, проблемот со содржината и условите во договорите кои докторите ги потпишуваат со ФЗО, начинот на организирање на докторите во врска со згрижувањето на пациентите надвор од редовното работно време од 24 часа и слично.
Комисијата заклучи дека за надминување на овие проблеми потребни се:
• измени и дополнувања на Правилникот за начинот на плаќањето на здравствените услуги во примарна здравствена заштита,
• измена и дополнување на договорите кои докторите ги потпишуваат со ФЗО
• измена на Одлуката за утврдување на висината на капитациониот бод во ПЗЗ и лабораториите
• толкување на Правилникот за начинот на плаќањето на лабораториските испитувања во специјалситичко- консултативната здравствена заштита по упат на избран лекар
• формирање ургентен центар.