ЧЕТИРИЕСЕТ НОВИ АПЛИКАЦИИ ЗА ЛИЦЕНЦИ
До стручната служба на Лекарската комора до сега се доставени вкупно 40 апликации за добивање лиценца.
Се очекува Комисијата да ги прифати доставените апликации до Лекарската комора на Република Македонија.
Сите оние што се уште не поседуваат лиценца имаат можност до 7 ноември да ги достават потребните документи, заедно со пријавата, до стручната служба на Комората
Комисијата за етичко-правни прашања на состанокот би требало да разгледа уште неколку прашања од делокругот на својата работа.